Членови на британскиот кабинет првпат направиле тајна подготовка за тоа како ќе дејствува Владата за време на 10-дневната национална жалост, која ќе биде прогласена кога кралицата Елизабета Втора ќе почине, пишува весникот „Сандеј тајмс“.
Дејвид Лидингтон, заменик на премиерката Тереза Меј, претседавал со седницата во четвртокот, на која учествувале британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид, лидерот и лорд-претседателот на Тајниот совет при Домот на општините Андреа Ледсом и министерот за Шкотска, Дејвид Мандел.
Весникот наведува дека подготовката, наречена „Castle Dove“, била фокусирана на „D+1“ - првиот ден по смртта на кралицата, кога министрите треба да одлучат во кој момент премиерот да даде изјава за јавноста.
Оваа вежба не била поттикната од никаква можна загриженост поради здравјето на кралицата, но сепак се одржа истата седмица кога 92-годишната кралица Елизабета Втора не се појави на литургија во катедралата „Сент Пол“ во Лондон, бидејќи не се чувствувала добро.