Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ниту едно безлично соопштение на СДСМ нема да го покрие фактот дека Заев и Димитров го потпишаа најсрамниот и најкапитулантски договор за Македонија, каде што самите се откажаа од името, идентитетот, нацијата и македонското малцинство.

Зоран Заев откако ја понижи Република Македонија на меѓународен план сега сака тоа да го направи и на домашен план со грубо кршење на законите и Уставот на Република Македонија.

СДСМ не смее да си поигрува со Законите и Уставот на Република Македонија кои се гарантори за редот и поредокот на правната држава.

Објавувањето на законот за јазиците и Договорот со Грција во Службен Весник без потпис на претседателот на државата од страна на Талат Џафери и Мартин Костовски е кривично дело кое не застарува и за кое се оди во затвор.

Одговорност за овие постаки мора да има.

Поради катастрофата што ја приредија со „патлиџан дипломатијата“ сите оние кои учестуваа во процесите поврзани со евро-атлантските интегративни процеси веднаш да си поднесат оставка од морални причини.

Македонскиот народ и македонската држава не заслужуваат Влада како СДСМ. Оваа Влада мора да падне. Македонија заслужува подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 00:14