„Европа која штити“. Ова е мотото на Австрија која во втората половина на годинава или до крај на 2018 ќе претседава со Европската унија. Ова е трет пат Австрија да претседава со Унијата по 1998 година и 2006 година.
Како и секоја земја претседавач, така и Австрија има поставено приоритети. Првиот е, безбедност и борба против илегалната миграција. Втор, обезбедување просперитет и конкурентност преку дигитализација. Трет, стабилност во европското соседство - перспектива на ЕУ за Западен Балкан/Југоисточна Европа.
Сите три приоритети се дел од вообичаените заеднички програми на државите кои претседаваат со ЕУ познати како трио земји, или трите последователни кои практично дефинираат една заедничка. Австрија е последната од триото Естонија (претседателство во втората половина на 2017 година) и Бугарија (претседателство во првата половина од 2018 година).
Програмата на триото беше усвоена на 20 јуни 2017 година, а се заснова на документот "Стратегиска агенда на Унијата во време на промени", усвоен на Европскиот совет од јуни 2014 година.
Триото(Естонија, Бугарија, Австрија) тогаш пред себе ја постави следната програма:
- Унија во која ќе има работни места, раст и конкурентност
- Унија која ги штити сите свои граѓани
- Пат кон енергетска Унија со напредна климатска политика
- Унија на слобода, безбедност и правда
- Унијата како силен глобален актер
Од проширувањето на Унијата оигледно ни трага ни глас. Освен што Австрија во последната точка говори за перспективите на регионов.
Европската унија многу очигледно се грижи за своите граници и за животниот стандард на неејзините граѓани. Се друго е во втор план.
ДЕТАЛИ
Ако прецизно се погледнат трите приоритети на Австрија, ќе се види дека во третиот се најавува темата проширување со земјите од Западен Балкан, но низ призмата, односно пред се поради потребата тие да и се најдат на Унијата кога станува збор за мигрантите.
Што претставуваат во суштина приоритетите?
1.Безбедност и борба против илегалната миграција.
Европската унија смета дека „последиците од најголемата миграциска криза во Европа по Втората светска војна и загриженоста на граѓаните за понатамошни неконтролирани миграциски текови ја истакнаа важноста на заедничкиот пристап во борбата против илегалната миграција и обезбедувањето на способноста на Унијата да дејствува“.
-Во центарот на овие напори се реформите на Заедничкиот европски систем за азил, како и рефокусирањето и зајакнувањето на европската гранична и крајбрежна стража агенција ФРОНТЕКС, со цел да се гарантира ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ. Покрај тоа, целта е да се работи поблиску со трети земји, со цел да се обезбедат ефективни политики за враќање и да се обезбеди помош на оние кои имаат потреба од заштита пред да влезат во ЕУ, додека пак, од друга страна, спречуваат оние на кои не им е потребна заштита од поставување исклучување на опасниот премин кон Европа, се вели во приоритетите на претседавачот Австрија.
Во истите се споменува дека шефовите на држави или влади ќе се занимаваат со овие прашања на нивниот неформален самит предвиден да се одржи во Салцбург на 20 септември 2018 година.
Заклучокот е дека се потребни заеднички напори и на европско ниво за борба против заканите од тероризам и радикализација од сите видови.
2. Обезбедување просперитет и конкурентност преку дигитализација.
ЕУ ја задржува својата позиција како водечка трговска сила во светот и најголем внатрешен пазар, се вели во приоритетите.
Сепак, уделот на Европа во глобалниот БДП и неговата економска моќ се во опаѓање. Оттука, за одржливо обезбедување на својот просперитет и конкурентност, од суштинско значење е ЕУ постојано да се избегнува прекумерна регулација и да постигнува напредок во областа на иновациите и дигитализацијата.
-Значителен дел од растот во ЕУ веќе може да се стави на сметката на на дигиталната економија. Со интелигентна политика на дигитална трансформација, ќе биде можно да се заштити конкурентноста и одржливоста на европската економија и во иднина. Заокружувањето на дигиталниот единствен пазар, модернизацијата на јавната администрација во широк обем и обновувањето на индустриската политика ќе ги подобрат рамковните услови за дигиталните бизнис модели и услуги. За дигиталната економија да го развие својот целосен потенцијал и да ги искористи сите, потребна е модерна и избалансирана регулаторна рамка. Националните јавни буџети треба да бидат заштитени од штетната даночна конкуренција и одбегнување на даноците, и мора да се гарантираат фер услови за конкуренција за сите компании, се вели во приоритетите.
3. Стабилност во европското соседство - перспектива на ЕУ за Западен Балкан/Југоисточна Европа
Европската Унија која им нуди на своите граѓани стабилност, мир и безбедност е можна само во стабилно и сигурно соседство. Ете зошто е важно соседството или земјите од регионов.
-За таа цел, за време на претседателствувањето Австрија ќе се фокусира на промовирање на силни врски помеѓу ЕУ и нејзините соседи. Во овој контекст, земјите од Западен Балкан/Југоисточна Европа заземаат важно место. Во однос на економската и безбедносната политика, овој регион припаѓа на Европа и се покажа како сигурен партнер за време на миграционата криза. Покрај тоа, ние сме исто така поврзани со заедничко историско и културно наследство. Во интерес на австриската и европската економија и безбедност е иднината на Западен Балкан/Југоисточна Европа да биде во Европската унија, се вели во документот со приоритетите.
Сепак на крајот се спомнува проширувањето, или буквално во последната реченица.
-Австриското претседателство, заедно со своите европски партнери, ќе се залага за развивање на конкретна европска перспектива за сите држави од Западен Балкан/Југоисточна Европа, и тоа врз основа врз основа на јасни критериуми кои се однесуваат на нивната индивидуална изведба и работат на постигнување на мерлив напредок, се заклучува во документот со приоритетите.
ДОМАШЕН ТЕРЕН
Аналитичарите во земјава велат проширувањето не е во приоритетите поради внатрешните проблеми во Унијата - кои сега се, пред се, од политичка природа.
-Неколку држави членки, а особено Франција и Холандија не се наклонети кон проширувањето, констатира за Makpress.mk, Малинка Јорданова од Институтот за европски политики
Тоа што Европската унија го прави е наоѓање на модалитети за земјите што се пред вратата на ЕУ, како на пример Македонија.
-Ако 25 држави членки се за тоа да продолжи проширувањето, нормално е дека ќе се бараат модалитети процесот да се одржи. Од друга страна, околностите - и политички и економски, не се статични, тие се менуваат. Никогаш не се знае кога „коцките ќе се поклопат“. Затоа е битно процесот да се одржи, да не се симнува од агенда, посочува Јорданова.
Она што е клучно и што се поставува како прашање е може ли проблемот со мигрантите да го фрли целосно во сенка проширувањето. Македонија наместо најавуваниот датум доби датум кога ќе и се кажи дали ќе ги започне преговорите, или како што популарно се нарекува условен датум, а тоа е јуни 2019 година.
-Проблемот со мигрантите подобро кажано - има големо влијание воопшто на состојбите и процесите во Унијата, како и на политичката клима во државите членки. Проблемот негативно влијае на внатрешната интеграција во рамките на ЕУ, и оттаму - индиректно- на проширувањето, заклучува Јорданова. С.Д.