Министерот за трговија, телекомуникации и туризам и лидер на Социјалдемократската партија на Србија, Расим Љајиќ, во авторскиот текст за весникот „Курир“ истакна дека во решавањето на косовското прашање нема да му наштети доколку има „повеќе реализам, а помалку популизам“.

Доколку се анализираат сите досегашни предлози за решавање на косовското прашање, ми се чини дека доминираат две - замрзнат конфликти и поделба, односно разграничување, посочи Љајиќ.

- Првиот е теоретски можен, но штетен, а вториот е добар, но задоцнет, оценува Љајиќ.

Според него, замрзнатиот конфликт значи само глас за продолжување на агонијата во која Србија би се нашла, и сама со себе и со Косово.

Со поделбата на Косово е задоцнето, истакнува Љајиќ, а нема ни подготвеност на големите меѓународни играчи да ја поддржат таквата опција во овој момент.

- Во оваа шаховска партија, Србија игра со црни фигури и без два топа. Затоа е важно ова прашање да не се користи за дневно политички потреби, туку да се третира како клучна државна тема од која зависи иднината на целото општество, посочува Љајиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 11:47