Украинскиот претседател Петро Порошенко утре ќе престојува во официјална посета на Србија, информираа од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.
По церемонијата на свечен дочек, претседателите Вучиќ и Порошенко ќе осварат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок на двете делагации и потпишување на повеќе билатерални договори.
Во рамките на посетата на укранскиот претседател на Белград, предвиден е и бизнис форум со учество на преставници на двете стопански комори и на претседателот Порошенко, информираа од кабинетот на Вучиќ.