Познатиот пејач Роби Вилијамс се сомнева дека има Аспергеров синдром, или аутизам, и јавно се пожали дека се чувствува како нешто постојано да му недостасува и дека се бори со „некој облик на ментално заболување".

Пејачот неодамна, за лондонското „Радио 2“ проговори за својата битка со депресијата и рече дека има „помрачувања во главата“.

- Не знам во кој спектар се наоѓам, но секој ден е поинаков, па дури и ако ги правам истите работи. Некои денови едноставно не можам да си објаснам зошто не можам да станам од креветот, изјави Вилијамс.

Натаму, тој раскажува како откако тој и неговата сопруга Ајда Филд ги добиле ќеркичката Теодора (5) и синот Чарлтон (3), почнал повеќе да го вреднува животот.

- Имам опсесија да го пребарувам своето име на Гугл, барајќи негативни коментари за себе. Тоа е истовремено и проклетство и благослов, оти постојано читам дека сум глупав и дека не знам да пеам, но тоа ме турка напред. Затоа денес сум тоа што сум, вели тој.

Претходно, Вилијамс неколкупати изјавуваше дека е блиску до смртта и го споредуваше својот „живот полн подеми и падови“ со оној на покојниот Џорџ Мајкл.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 12:09