Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го изразува своето незадоволство од начинот на кој што се закажа денешната седница за поставување на пратенички прашања.

Имено, во досегашната пракса во Собранието на Република Македонија секогаш кога се одржувала седница за поставување на пратенички прашања не се одржуавале комисии или други активности со цел пратениците да не бидат спречени да присуствуваат на седницата.

Денес, гледаме погазување на таа пракса и на денот кога се поставуваат пратеничките прашања, во Собранието на Република Македонија истовремено се оржува Комисијата за европски прашања.

Со самото тоа пратениците кои што се членови и заменици членови во комисијата не се во можност да поставуваат пратенички прашања до Владата, нешто што им се гарантира со Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Ова е крајно неодговорно однесување од страна на господинот Талат Џафери кој што има обврска да го почитува Деловникот и да обезбеди секој пратеник кој што сака да постави пратеничко прашање истото да го стори.

Како пратеници апелираме во иднина одговорно да се постапува и да се воведе ред во Собранието на Република Македонија работејќи по Деловникот бидејќи само така можеме да имаме функционален законодавен дом во служба на граѓаните на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 13:30