Над сто модели на ретро-автомобили ќе бидат претставени на единадесеттото издание на Ретропарадата за автомобилската класика во Бургас, Бугарија. Таа ќе се одржи на 7 јули, а автомобилските класици се претежно нестандардни модели, направени од делови од различни автомобили, соопштуваат локалните власти.
Освен од Бугарија, на настанот ќе има и гости од Србија, Чешка и Словенија. Покрај автомобили, на Ретропарадата годинава ќе бидат прикажани и мотори.
Специјален гостин ќе биде Петер Брон од Словенија, кој е сопственик на најголемиот мото-музеј во Европа.