Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска соопшти дека уапсило едно лице под сомнеж дека во соработка со терористичка организација подготвувало напад во центарот на градот Кливленд на 4 јули - Денот на независноста на САД.

Агентката на ФБИ, Вики Андерсон информура дека осомничениот маж бил уапсен за време на викендот поради „обид за пружање материјална поддршка на странска терористичка организација“.

Според телевизијата Си-Би-Ес, уапсениот е идентификуван како Деметриус Питс, кој преминал во Ислам и си го променил името во Абдул Рахим Рафик.

Телевизјата наведува дека уапсениот планирал да постави експлозивна направа во центарот на Кливленд. Тој стапил во контакт со агент на ФБИ, кој му се претставил како припадник на група поврзана со терористичката ирганизација Ал Каеда и му рекол дека заедно со други членови на групата треба да учествува во извршување на нападот.

Си-Би-Ес тврди дека уапсениот планирал и напад во градот Филаделфија, каде е прогласена незавиноста на САД.

Доколку приведениот биде прогласен за виновен по обвинителниот акт, може да добие затворска казна во траење до 20 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 01:34