Иранскиот претседател Хасан Рохани пристигна во Швајцарија каде ќе разговара со државниот врв на земјата, а централна тема ќе бидат напорите да се спаси напредокот постигнат со нуклеарното договор меѓу Иран и шесте светски сили, по повлекувањето на САД.

Пред заминувањето од Иран, Рохани денеска изјави дека ова негово патување во Европа е „за да се зборува за иднината на договорот“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми, во саботата рече дека „во тек се интензивни разговори меѓу Иран и Европа за да се најдат начини за зачувување на договорот".

Рохани ја почна дводневната посета од Цирих, по што ќе замине за Берн каде ќе се сретне со највисоките швајцарски функционери.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 01:46