Регулаторната комисија за енергетика денеска на подготвителна седница ќе разгледа две предлог решенија за стекнување привремен статус на повластени производители на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.
На седницата треба да бидат разгледани Предлог - решението за термоелектроцентрали на биомаса „Нимекс Енергетика“, на ДПТУ НИМЕКС СА Александар и други ДОО увоз – извоз Скопје, и „МАНД“, на ДПТУ МАНД интернешнл ДООЕЛ експорт импорт Скопје, со седишта во општините Аеродром и Центар.