Американка која пошла да го посети својот син во затвор не очекувала дека и самата се најде зад решетки.
За Џенифер Дилан, ова е вкупно 12-то апсење во изминатите 11 години. Тоа се случило во затворот во околијата Ли во сојузната држава Флорида, каде таа дошла да го посети својот син Кристијан Дилан (20), кој бил уапсен за кражба на моторно возило и четири други обвиненија.
При легитимирањето на влезот од установата чуварите откриле дека нејзиното име се наоѓа на активна потерница за извршени повеќе прекршоци, по што ја задржале мајката. Меѓу обвиненијата против Џенифер се: поседување наркотици, разбојништво, измами, трговија со украдена стока, возење со одземена возачка дозвола...
Судењето на синот е закажано за 9 јули, а она на мајка му - на 30 јули годинава.