Во северниот албански град Скадар пртепладнево заедничка седница одржаа владите на Албанија и на Црна Гора.

Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама во своето обраќање оцени дека и најголемите скептици денес може да видат дека зачленувањето на Црна Гора во НАТО придонело во зацврстувањето на стабилноста во регионот.

Тој високо ја оцени меѓусебната соработка и ги нагласи потребите од отворање нови гранични премини меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и реализација на повеќе проекти за искористување на природните убавини со кои располагаат двете земји.

- Денес, ние сме меѓусебно поврзани како никогаш до сега, но исто така сме свесни дека постои неискористен потенцијал. Време е да ги искористиме овие потенцијали и да имаме полза од размена на идеи и здружување на силите меѓу нас. Почнувајќи не само од отворањето на нови гранични премини, што не е само подготвителен успешен исход од оваа средба , туку и поширока основа, продолжувајќи со искористување на големите економски и туристички вредности со кои располага целата област која ја делиме. Следејќи го вашиот пример за туризам, кој е одличен пример за нас и комуницирајќи со инвеститорите кои се присутни на вашето крајбрежје, ја слушнавме потребата за прошируме на инвестиции и на наша страна и да поврземе повеќе владини, општински, економски и природни капацитети на двете земји, рече Рама.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, ја нагласи потребата за унапредување во економската соработка меѓу Албанија и Црна Гора и високо го оцени придонесот на Албанците во Црна Гора додавајќи дека тие се фактор на стабилноста во градењето подобра иднина на земјата, идентичко како и Црнгорците во Албанија.

- Албанците во Црна Гора се граѓани кои придонесуваат за развојот на земјата. Тие се активни учесници и промотори за остварување на стратешките приоритети на државата. Тие се фактор на стабилност во градењето подобра иднина на земјата. На ист начин како и Црногорците во Албанија, граѓани што придонесуваат за нејзиниот развој и политичкиот и општествениот живот, истовремено зачувувајќи го својот идентитет и традиција, изјави Марковиќ.

Во Скадар ќе бидат потпишани неколку билатерални спогодби, а ќе биде одржан и бизнис форум Албанија-Црна Гора.

За безбедноста се грижат припадници на Националната гарда, полицијата и специјалната единица за брзи интервенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 12:32