Доскорешниот премиер на Малезија Наџиб Разак денеска е уапсен во рамки на истрагата за исчезнување на милијарди долари од државниот фонд, што тој го формирал пред десетина години.

Малезиската антикорупциска агенција најави дека против Разак ќе биде поднесено обвинение.

Апсењето доаѓа по неочекуваниот исход на парламентарните избори на кои коалицијата на поранешниот премиер Махатир Мохамед извојува победа над блокот на Разак.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 12:36