Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции. Тој прифати обезличување на сопствената држава и народ, промена на Уставот, идентитетот и јазикот.
Владата потпиша штетен договор со Грција, во кој Република Македонија е оштетена страна.
Додека ја подготвува гилотината за Македонија, Заев ја уништува државата и од внатре. Економијата е на дно повеќе од една година. Нема никаков раст. Индустријата е најниска во регионот и во Европа. Градежништвото е во слободен пад. Граѓаните живеат полошо од пред една година.
Земјоделието е еден од најпогодените сектори од ураганот наречен СДСМ. Субвенциите се намалени, откупот е слаб, а откупните цени ниски. Родот наместо по пазарите завршува на буништа.
Производителите на лубеница мака мачат со откупот. Откуп нема, иако Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт, откупот не само што ќе биде загарантиран, туку и откупните цени ќе биле повисоки. Заев е цела година на власт, а откупот ниту е загарантиран, ниту откупните цени се повисоки.
Државата тоне на секој поглед. Заев е крајно неспособен и не знае да ја води државата. Оваа неспособна и ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро.