Европските сојузници во НАТО не ги прифаќаат критиките на американскиот претседател Доналд Трамп дека малку трошат на одбраната.
Пред Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули, Трамп на земјте членки на Алијансата им испрати писма во кои бара повторно да се посветат на расходите во одбраната.
По руската анексија на Крим во 2014 година, земјите членки на НАТО се договорија да го намалат буџетот за одбраната и во следните години да работат на тоа расходите во одбраната да биде два отсто од бруто домашниот производ.
Норвешкиот министер за одбрана Франк Баке Јенсен изјави дека Норвешка поддржува зголемување на расходите за одбраната.