Австриската Влада има извесни сомнежи во однос на германската намера за склучување билатерален договор, кој му овозможува на Берлин да ги враќа кандидатите за азил уште на границата со Австрија, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

- Се уште не знаеме што точно планира Германија. Но, уште сега можам да кажам дека дефинитивно не сме подготвени да склучиме договор на штета на Австрија, рече Курц.

Тој нагласи дека ако Германија го заостри режимот на своите граници, Австрија ќе го следи нејзиниот пример, и сето тоа на крајот може да доведе до политички притисок за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 02:46