Меѓународната заедница треба да развие подобри програми за рехабилитација на поранешни деца војници на терористичката организација Исламска државна.

Овие програми треба да бидат со добро финансирани и добро формулирани цели, стои во годишниот извештај на Меѓународниот институт за стратегиски истражувања со седиште во Лондон.

Во документот се наведува дека средствата за поддршка на деца војници во светот паднале од 27 милиони долари во 2010 година на 6,5 милиони долари во 2016 година.

Според Миа Блум, експерт за тероризам и Блискиот Исток во Институтот, децата кои станале војници на ИД, често пати биле вклучени во тоа од страна на нивни роднини. За споредба, децата што се користат како војници во други вооружени конфликти се вообичаено киднапирани, често откако нивните родители се убиени.

Во исто време, Ирак побара децата на странски џихадисти, кои се наоѓаат во затвори во земјата, да бидат вратени во нивните родни земји. Во Ирак има 833 деца на странски џихадисти. Тие во моментов се наоѓаат во центри за притвор во Ирак и потекнуваат од 14 држави. Според нeвладината организација за човекови права, Хјуман Рајтс Воч, ирачкиот правен систем дозволува осуда на возраст од девет години. Децата на џихадисти во Ирак може да добијат до пет години затвор за чlенство во ИД и до 15 години затвор за вмешаност во насилство на ИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 09:10