Британската полиција информираше дека се случил сериозен инцидент во градот Ејмсбери, во кој две лица биле пронајдени во бессознание.

Инцидентот се случил во близина на градчето Солсбери, во кое во март со нервен отров беа отруени пребеганиот руски разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Двете жртви биле пренесени во болницата во Солсбери во критична состојба. Се работи за маж и жена на возраст меѓу 40 и 50 години.

По труењето на Скрипал, британските власти детално го претресоа реонот на Солсбери за да утврдат каков вид на нервен отров бил користен и дали се уште има траги од тој отров во околината.

Велика Британија ја обвини Русија дека стои зад нападот врз Скрипал, додека Русите го отфрлија обвинението.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 09:15