За пет години, односно до крајот на 2023 година се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од пет проценти, на првиот промет на станбените згради и на становите што се користат за станбени цели, предвидува Предлог – законот за изменување на Законот за додадена вредност, усвоен на вчерашната седница на Владата.

- Измените предвидуваат пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка од пет проценти, на првиот промет на станбените згради и на становите кои се користат за станбени цели, а кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата. Со предлог – законот рокот се продолжува за уште пет години односно од почетокот на следната година до крајот на 2023-та, соопшти владината прес-служба.

Продолжување на мерката за пет проценти ДДВ за продажба на станбен простор изминатиот период бараше приватниот градежен сектор. Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија оцени дека ова е една од клучните мерки за стабилизирање на работата во градежниот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 09:37