Францускиот претседател Емануел Макрон се сретна со колегата од Нигерија Мухамед Бухари, да договорат заеднички активности против исламистичките групи во Западна Африка.
- Мораме да го засилиме притисокот и да ги прошириме нашите активности против џихадистите. Франција ќе остане во регионот на Сахел се додека тоа е потребно, изјави Макрон.
Се смета дека во меѓу-верските борби во Нигерија во изминатите десетина години биле убиени над 20.000 лица, а милион биле протерани од нивните домови.
Франција има 4.000 војници распоредени во Мали, Буркина Фасо, Чад и Нигерија.