Владата ќе и додели државна помош на компанијата за производство и трговија „Теламон Европа Македонија“ од Скопје.
Предлог-договорот е разгледан и прифатен на вчерашната владина седница, а министерката без ресор за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска е задолжена да го потпише договорот.
Договорот, како што информира прес-службата на Владата, ќе биде потпишан на 13 овој месец.