Косовките политички лидери и претставници на парламентарните субјеки ќе се соберат денеска на трибина, на која ќе се расправа за дијалогот со Србија со посредство на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во документ кој го обезбедил порталот „Индексонлине“, се вели дека средбата ќе се одржи од 17 до 19 часот, а ќе се разговра за градењето платформа, постигнување консензус и формирање преговарачки тим за дијалогот со Белград.

На состанокот ќе учествуваат лидерите на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели, на Самоопределување (ВВ), Албин Курти, на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, на Иницијативата за Косово (Нисма), Фатмир Лимај и на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД), Шпенд Ахмети, како и потпретседатели на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), шефови на пратенички групи и други претставници од споменатите партии.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 16:44