Косовската Агенција за заштита на животната средина, во соработка со Германската организација за меѓународна соработка – ГИЗ, спроведе истражување според кое утврдила дека на гериторијата на целата земја има вкупно 1.572 диви депонии, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во извештајот на Агенцијата и ГИЗ се вели дека недостатокот на организирани депонии претставува еден од најголемите еколошки проблеми на земјата.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање на Косово тврдат дека изнесената бројка не е точна, но не можат да кажат колку диви депонии има во цело Косово, пишува денешен „Зери“.

Од Министерството за весникот изјавија дека се работи на изготвување на административно упатство, кое предвидува казни од 20 до 100 евра за граѓаните кои ќе фрлат отпад на места кои не се обележани за тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 18:05