Брод на шпанска невладина организација со 60 мигранти денеска пристигна во пристаништето во Барселона откако претходно Италија и Малта го одбија.
Ова е втор случај во последниот месец една хуманитарна група да е приморана со денови да плови по море со спасени мигранти во централните делови на Медитеранот.
На бродот на невладината организација „Проактива опен армс“ меѓу мигрантите има пет жени, деветгодишно дете и четворица тинејџери.
Мигрантите сега ќе бидат прегледани од лекар и ќе почнат процедура за идентификација. Шпанската организација соопшти дека мигрантите се од 14 земји и се во добра здравствена состојба.