Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп во писмото во кое ги обвинува сојузниците на НАТО дека не трошат доволно на одбрана, се фокусирал на бројки, а не на она што државите го направиле.

Расмусен наведе дека Трамп унилатерално се фокусирал на воената потрошувачка, односно на процентите од бруто домашниот производ кои се издвојуваат за одбрана.

Изјавата на данскиот премер е реакција на писмото на Трамп кое го испрати пред одржувањето на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули во неколку земји од Европа и Канада барајќи да ги зголемат расходите за одбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 18:15