Германската канцеларка Ангела Меркел го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп на опасноста од „трговска војна“ доколку САД ги спроведат заканите за воведување такси за увоз на странски автомобили.
- САД веќе предизвикаа „трговска војна“ по воведувањето такси за увоз на челик и алуминиум, но би можеле да „предизвикаат вистинска трговска војна“ со воведување данок на увоз на автомобили, рече Меркел, обраќајќи се во Парламентот.
Европската унија наметна царински давачки од 25 отсто на низа американски производи, како што се путер од кикирики, бурбон, фармерки и мотоцикли, како одговор на тоа што САД воведоа такса од 25 отсто за челик и 10 отсто за алуминиум од ЕУ.