Американскиот заменик помошник државен секретар Алис Велс престојува во посета на Пакистан, во обид да ги разгледа можностите за мир во Авганистан по истекот на кусото примирје меѓу властите во Кабул и талибанците за време на празникот Рамазан.

Пакистан одигра клучна улога во договарањето на ова примирје, кое претставѕва прв договорен прекин на огнот во 17-годишната граѓанска војна во Авганистан, па оттаму се смета дека може да има значајно влијание во поттикнување на мировниот процес во соседната централноазиска држава.

Велс во Исламабад се сретна со командантот на пакистанската Армија, генерал Џавед Баџуа, со кого разговараше за опциите за постигнување мир во Авганистан.

Новата мировна иницијатива на Вашингтон доаѓа само неколку недели откако при на напад на американски дрон во Авганистан беше убиен лидерот на талибанците мула Фазлула.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 18:27