Албанскиот претседател Илир Мета испрати честитка до неговиот американски колега Доналд Трап, по повод 4 јули - Денот на неависноста на САД, во која повика на поголемо американско присуство на Балканот.
Во честитката шефот на албанската држава упатува голема благодраност до американскиот претседател за континуираната подршка што неговата земја ја дава за Албанија.
Мета притоа посебно ја нагалсува важноста од зголемувањето на присуството на САД во Албанија и регионот на Западен Балкан, како клучен фактор за мирот, стабилноста и безбедноста.
- Подготвени сме за натамошно зајакнување на стратешкото билатерално партнерство во областа на безбедност и во НАТО и верувам дека под Ваше раководство ќе ги зајакнеме овие врски и ќе ја прошириме нашата соработка во полза на слободата и напредокот на нашите земји и пошироко, наведува Мета во честитката до Трамп.
Тох додава дека Албанија ќе остане солидарна со САД и скромно, но цврсто, ќе се приклучи на нивните напори во мултилатералните форуми за да му даде нови можности на мирот во светот.