Иран ќе го пичитува нуклеарниот договор од 2015 година, само ако другите држави потписнички му гарантираат на Техеран дека ќе има корист од него, по повлекувањето на САД од спгодбата, изјави денеска во Виена иранскиот претседател Хасан Рохани.
Според него, ниту САД, ниту некоја друга земја ќе имаат полза од американската „незаконска одлука“ за повлекување од договорот за иранската нуклеарна програма.
- Ќе го почитуваме договорот, доколку е можно, под услов да имаме корист од тоа, изјави Рохани на прес-конференција по средбата со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен. - Ако другите држави потписнички можат да ги гарантираат интересите на Иран, ние ќе продолжиме да го почитуваме, додаде тој.
Ван дер Белен од своја страна нагласи дека договорот склучен со Иран во 2015 година во Виена е „важен дипломатски успех, едногласно поддржан од Советот за безбедност на ОН".
Иранскиот претседател денеска допатува во официјална посета на Виена, со цел да преговара со раководството на државата, која од почетокот на месецов претседава со Советот на ЕУ.
Во австрискиот главен град в петок се очекува да се соберат министрите за надворешни работи на Велика Британија, Германија, Кина, Русија и Франција. На заседанието под претседателството на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и бебзедноат Федерика Могерини, тие треба да договорат план, кој ќе спречи нова економска изолација на Иран и покрај санкциите на САД.