Најмалку 19 лица загинаа поради невообичаеното топло време што ја зафати канадската провинција Квебек минатата недела, јавија локалните медиуми.

Претставници на здравствените власти соопштија дека 12 од жртвите се во најголемиот град во провинцијата, Монтреал.

Температурите во текот на денот достигнуваат 30 до 40 степени Целзиусови.

Властите претходно предупредија дека ризичните групи се луѓе со хронични болести, ментални нарушувања, самци и луѓе кои поминуваат многу време во простории без климатизација. Последниот ваков топол бран во Монтреал е забележан во 2010 година, кога починаа 106 луѓе.

Метеоролозите предвидуваат дека температурите ќе се намалат во петок, а постудениот бран ќе стигне само до источна Канада.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 10:14