Во Скопје денеска во организација на здружението за социјални иновации „Арно“ ќе бидат прогласени победниците на конкурсот за зелени бизнис идеи.
На настанот, 11-те финалисти ќе ги претстават своите бизнис идеи, а победниците ќе се натпреваруваат на регионален натпревар во Маврово од 18 до 21 јули каде ќе се борат за парични награди од 10.000 долари.
Регионалниот конкурс се одржува од 2012 година, а во 2015 година за првпат имаше победник од Македонија. Во 2016 исто така имаше македонска победничка зелена идеја, а во 2017 година дури две победнички зелени идеи.