Демонстрантка која на Денот на незавиноста на САД се искачи на Статуата на слободата во Њујорк беше уапсена од полицијата по четири часа преговори.

Тереза Патрисија Окуму се искачи на основата на статуата, која е затворена за јавноста и протестираше против имигрантската политика на САД.

Таа беше дел од група демонстранти кои привремено поставија плакат со кој бараа да престане праксата за разделување на децата на илегалните мигранти од нивните родители.

Островчето на кој е изградена статуата беше евакуирано за време на протестот.

По поставувањето на статуата во 1885 година, на неа е поставен натпис со кој се повикуваат имигранти од целиот свет да дојдат во САД, и статуата се користи како симбол од страна на поборниците на отворање на американските граници.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 10:29