Турските власти денеска уапсија 16 лица, меѓу кои има активни и поранешни воени лица, кои се осомничени за поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Обвинителството во округот Битлис денеска издаде наредба за апсењата. Преземени се акции за приведување на осомничени во Битлис и во уште 10 области.

Безбедносните сили уапсија 16 лица и трагаат по уште еден осомничен.

Според турските власти, групата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е одговорна за превратот во Турција во јули 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 11:24