Турските вооружени сили префрлија во Сирија дополнителна оклопна опрема и тешко оружје, јави турската агенција Ихлјас.
Воен конвој ја преминал границата со Сирија преку граничните премини Јонџупнар и Чобанбеј и се движи кон сириските градови Тел Рифат и Манбиџ.
САД и Турција минатиот месец одобрија мапа за стабилизација на Манбиџ. Документот предвидува повлекување на сириските курдски Сили за заштита на народот од градот, како и распоредување на турски и американски сили во реонот со цел да се осигура безбедноста на Манбиџ.