Босна и Херцеговина треба да земе пример од Софија, Скопје и Атина, кои успеаја да ги надминат меѓусебните разлики и да потпишат договори за добрососедство и за името на Република Македонија, и по тој пример да најде решенија за своите проблеми, изјави денеска во Сараево бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- Тоа не беа лесни одлуки за Бугарија, Македонија и Грција. нагласи Борисов на заедничката прес-конференција со босанскиот премиер Денис Звиздиќ.
Според бугарскиот премиер, непходно е политичките елити од регионот да ги решет политичките конфликти, со цел земјите од Западен Балкан да дојдат до членство во ЕУ и НАТО.
- Бухарија може да биде пример за етничка толеранција, кој може да се искористи во Босна и Херцеговина, изјави Борисов.
Тој нагласи дека по изборите во октомври БиХ ќе треба да реши по кој пат ќе оди.
- Ние ви стоиме на располагање за помош на вашиот пат кон Европа. Вашите соседи сметаат на вас, затоа што БиХ во ЕУ ќе претставува силен браник против радикалниот Ислам, истакна Борисов.
Звиздиќ од своја страна му се заблагодари на Борисов за се што сторила Бугарија за БиХ во последните години, а особено во поледните шест месеци за време на претседавањето со ЕУ.
- Најмногу не радува тоа што Западниот Балкан останува на европската агенда, најмногу благодарение на напорите на Бугарија и на премиерот Борисов, нагласи Звиздиќ.
Тој потенцира дека европерспективата е една од основните цели на БИХ, додаваќи дека по октомвриските избори Сараево планира да ја поднесе својата кандидатура за членство во ЕУ.
- Европската перспектива значи мир, стабилност и просперитет, не само за нашата земја, туку и за регионот, порача Звиздиќ.