Руската амбасада во Холандија, која е задолжена за соработка со Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), преку Твитер порача дека ги отфрли обвиненијата оти новиот случај на труење на двајца Британци кај Солсбери е предизвикан од руски нервен отров.

- Колку глупави мислат дека е Русија за „повторно“ да го употреби таканаречениот отров „новичок“ и тоа за време на Светското превенство во фудбал? Шоуто мора да продолжи?, обвини руската амбасада.

Маж и жена идентификувани како Џоан Старџис и Чарли Роули беа пронајдени во бессознание во саботата во близина на Солсбери и се смета дека биле во допир со преостанати количества од отровот „новичок“.

Британското контраразузнавање потврди дека повредите на Старџис и Роули се предизвикани од овој отров.

Пребегнатиот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март беа затруени од овој отров во Солсбери, но го преживеаа нападот за кој Велика Британија ја обвини Русија. Русија целосно негираше вмешаност.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 12:42