Американскиот државен секретар Мајк Помпео замина во посета на Северна Кореја, каде ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Посетата доаѓа по самитот меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп, што се одржа на 12 јуни во Сингапур, каде Северна Кореја се обврза на нуклеарно разоружување.

Се очекува Помпео при посетата на Пјонгјанг да бара подготвување на конкретен план за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

САД очекуваат Северна Кореја детално да ја претстави својата програма за збогатување на ураниум и производство на атомско оружје, како и да објасни како планира да ги уништи. Уште како директор на ЦИА, Помпео ја посети Северна Кореја и ги иницираше разговорите со Ким за негово разоружување.

По оваа средба, Помпео ќе ја посети Јапонија, за да ги запознае јапонските и јужнокорејските власти за текот на разговорите со Ким.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 12:44