Турскиот премиер Бинали Јилидирим денеска најави дека вонредната состојба во Турција ќе биде укината на 9 јули.
Турција прогласи вонредна состојба пред две години, по обидот за државен удар.
Јилдирим ги отфрли критиките за долгото траење на вонредната состојба, потсетувајќи дека во Франција имаше вонредна состојба во траење од 719 дена, по терористичките напади во Париз, иако земјата не се соочи со државен удар.
Турските власти утре ќе одредат низа мерки кои ќе важат по 9 јули, со цел да не се ослабне борбата против терористичките организации во земјата.