Цените на угостителските услуги во јуни годинава не бележат промена во однос на претходниот месец, а во однос на јуни лани има зголемување од 1,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6 отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за еден отсто.с



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 15:53