Еден од резултатите од првата средба меѓу претседателите Влaдимир Путин и Доналд Трамп во Хелсинки би можел да биде „предавањето“ на североисточна Сирија од страна на Вашингтон.
Таква претпоставка за „Независимаја газета“ изрече поранешниот специјален претставник на Стејт департментот за политичка транзиција во Сирија, Фредерик Хоф, според кого, повлекувањето на американските сили како отстапка, би му помогнало на Трамп да ја спаси својата репутација. Но, Руската Федерација ќе треба да преземе некои обврски.
- Сирискиот режим, Иран и Русија постигнуваат голема цел. Тие стравуваат дека ако ситуацијата во североисточна Сирија успешно се стабилизира по Исламската држава (забранета терористичка група во Руската Федерација), може да се појави нешто уникатно во сириската криза: атрактивна, остварлива алтернатива на Асад и неговото опкружување, изјави за „Независимаја газета“ поранешниот дипломат, имајќи ги предвид сириските региони, кои се под американски „протекторат".
„Тие (Москва, Дамаск и Техеран) сакаат претседателот Трамп да се потпре на своите инстинкти и да го предаде североистокот на режимот (на претседателот Башар Асад). Москва, пак, може да ја разгледа варијантата за гарантирање на безбедноста на Израел и Јордан на југозапад како поттик за САД да се откажат од североисточниот дел, смета тој.
Хоф потсети дека Трамп бил освоен од идејата за повлекување на американските сили од Сирија и намалување на нивното учество во активности поврзани со овој вооружен конфликт.
- Врз основа на отворената желба на Трамп да се повлече од Сирија, се сомневам дека претседателот Трамп има намера да ја одржи својата репутација, вели Хоф. - Тој може да го претстави тоа како победа, објасни поранешниот висок претставник на Стејт департментот пред „Независимаја газета“.
Но, дури ветувањата и намерите на Москва во врска со југозападна Сирија да се чисти како штотуку паднат снег, во краја линија Асад и иранските сили Кудс (огранок на Корпусот на гардата на Исламската револуција), ќе дејствуваат, онака како што им одговара. Русија не може или не сака да направи режимот да седне на вистинската преговарачка маса. Па што може да постигне тој во југозападна Сирија?
Треба да се забележи дека руската страна презеде ангажман да не дозволи концентрација на ирански и проирански сили (најмногу такви како либанската група Хезболах) во југозападните региони на границата со Израел и Јордан. Нивното стационирање особено ги вознемирува властите на еврејската држава: Израел редовно ги напаѓа групите кои се поврзани со Иран во јужните делови.
Саудиското издание „Ал шарк ал аусат" информира дека под покровителство на американската страна неодамна излегол предлог, според кој, јужните провинции, од кои некои до неодамна беа под контрола на умерената опозиција, да бидат предадени на владата во Дамаск.
Според тие информации, Русија треба да го осигура повлекувањето на иранските сили од границите со Израел и Јордан. Воената динамика во тие региони сугерира дека опозицијата навистина нема да остане таму.
- Мислам дека за Русија тоа е многу деликатно прашање - загриженоста на Израел, а исто така и на Јордан во врска со нивната безбедност во југозападна Сирија, објасни Фредерик Хоф пред „Независимаја газета“.
- На пример, тие се обидуваат да ги држат Иран и Хезболах подалеку од израелските позиции на Голанската Висорамнина. Кремљ стравува дека режимот на Асад во комбинација со иранската непромисленост може да предизвика многу деструктивни израелски напади врз самиот режим, додава тој.
Во таква врска, Москва би можела да ја советува Владата во Дамаск да се движи многу внимателно во областите во близина на Голанската Висорамнина каде Израел веќе изгради некои односи (не само со локалните жители, туку и со активните групи на умерените опозиција), и има обезбедено хуманитарна помош. Тоа би било многу добар совет.
Треба да се напомне дека Трамп неколкупати ја искажа својата намера максимално да го ограничи американското учество во средувањето на сирискиот конфликт: задачата за борба со самонаречени „калифат" е речиси исполнета и даночните обврзници во САД според него не треба да носат товарот на финансиската одговорност за случувањата во арапската република.
Освен тоа американското раководство размислува за идејата да го замени својот контингент, дејствувајќи во тесна соработка со мултинационалните воен сојуз Сириски демократски сили на североисток со друг контингент - арапски.
Таквиот предлог, како што беше претходно соопштено, предложија Саудиска Арабија и Египет. Се чини дека Ријад дури го сфатил овој план сериозно.
- Ние дадовме предлог, уште од времето на владата на Барак Обама: ако САД испратат војници таму, тогаш Саудиска Арабија може да биде подготвена да разговара за можноста заедно со другите земји да распореди сили, изјави во април саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, додавајќи дека сега Ријад е подготвен да и помогне на Сирија.
Според експертите, сценариото со повлекувањето на САД од Сирија и предавањето на одговорноста личат на настаните во Ирак.
- Обама веќе ја предаде „одговорноста“ за Ирак на Иран, изјави шефот на Центарот за исламски студии при Институтот за развој на иновации и експерт од Рускиот совет за меѓународни прашања, Кирил Семјаонов, за „Независимаја газета“.
- Се разбира, тогаш тоа не изгледаше како договор, но всушност тоа беше тоа. Во тоа време, САД не се спротивставија на доаѓањето на власт во Ирак на очигледни проирански сили и ги „жртвуваа" нивните „штитеници“ од сунитското движење Ал Сахва, што всушност ја принуди Ал Каеда да премие во илегала, смета тој.
Така што, тука има паралели. Американците беа многу зафатени со силите на Ал Сахва и ги поддржаа не помалку од СДС во Сирија. Друго е прашањето за тоа што предизвика сето ова таму. Во сегашната ситуација, Асад, за разлика од Садам, останува на власт и до одреден степен ги задржува институциите. Но, постои уште еден проблем - Иран и неговото повеќестрано присуство во Сирија.
Всушност, таквата опција, каде што руската страна ја презема одговорноста за безбедноста на Израел и на Јордан, го поставува прашањето, колку може да чини таа „одговорност". Треба да се напомене дека Москва има неколку лостови за влијание врз иранските сили, кои очигледно немаат намера да ги напуштат јужните региони на Сирија.
Израелските специјални служби тврдат дека во јужните провинции и натаму има ирански и проирански борци кои се маскирани како редовни војници во армијата на сириската Влада. Не треба да се заборави и на високиот степен на интеграција на борците на Хезболах и на милитантните шиитите групи во разни единици на армијата на Башар Асад.
Набљудувачите се сомневаат дека руската страна ќе успее да влијае врз нив и да обезбеди нивно целосно повлекување од јужните граници на Сирија.