Претседателот на Србија Александар Вуќиќ по обиколката на железарата во Смедерево Хестил Србија, која е во сопственост на кинеската компанија „Хбис груп“, изјави дека очекува една кинеска компанија да се јави на тендерот за стратешко партнерство за Рударско-топионичарски басен (РТБ) Бор.
- Очекувам една кинеска компанија да се јави на тендерот РТБ Бор , кој во најкус можен период ќе биде распишан за десетина дена, истакна Вучиќ.
Тој најави дека кон крајот на летото или на почетокот од есента ќе се состане со кинескиот претседател Си Џинпинг во Кина и дека ќе го моли за еден голем проект.
Вучиќ наведе и дека двапати неделно се состанува со кинескиот амбасадор Ли Манчанг, со кого разговара за разни теми и проекти, како и дека ќе имаат уште една тема за разговор доклку Кинезите дадат најдобра понуда на тендерот за стратешко партнерство за РТБ Бор.
- Тогаш ќе има Кинези од Смедерево до Бор, истакна Вучиќ.