Германија, Австрија и Италија следната недела ќе разговараат за тоа како да се „затвори“ јужната мигрантска рута кон Европа и планираат заедно да работат на тоа прашање, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

По состанокот со австрискиот канцелар Себастијан Курц, Зехофер наведе дека плановите на германската коалициска Влада за новите имигрантски мерки на нивната заедничка граница нема да ја направат Австрија одговорна за луѓето кои пристигнуваат таму, а кои веќе побарале азил во некоја друга земја членка на ЕУ.

Курц истакна дека двете страни се согласиле оти плановите на Германија повразани со границата нема да и наштетат на Австрија.

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот постига компромис со коалициските партнери за имиграцијата, кој предвидува отворање на транзит центри на границата на Германија со Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 22:47