Московски суд одреди парична казна од 1.600 долари за Радиото Слободна Европа, бидејќи таа медиумската куќа не доставила документи утврдени со закон за странски агенти.
Радиото Слободна Европа, финансирано од САД, и „Гласот на Америка" минатата година во Русија „беа обележани" како странски агенти во рамките на новиот закон, односно како медиуми кои добиваат средства од други држави.
Првиот човек на Радио Слободна Европа, Томас Кент, изјави дека во неколку наврати не им било дозволено да присуствуваат на седниците на парламентот, бидејќи биле „обележани" како странски агенти, но, исто така, и дека поединци одбиле да им дадат интервјуа.