Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на Корушка.

Во некои области падна и град, а пожарникарите, поради поплавени 20- тина објекти имаат полни раце работа, јавуваат хрватските медиуми.

Големите проблеми по силната бура има и во североисточниот дел на Италија.

Метеоролозите од Хидрометеоролошкиот институт на Хрватска најавуваат дека локалната нестабилност може да се интензивира преку ноќта.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:56