Партиите во германската владејачка коалиција постигнаа договор во спорот кој се создаде поради притисокот на баварските конзервативци некои мигранти да се враќаат од германско-австриската граница.

Ова синоќа го соопштил неименуван извор од коалицијата, но детали за договорот не се соопштени.

Геманската канцеларка Ангела Меркел и лидерот на конзервативната група во Парламентот Фолкер Којдер си заминале од зградата на Парламентот малку пред 21 часот по локално време.

Меркел пред три дена на состанок со баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) успеа да постигне компромис за миграцијата кој предвидува воспоставување транзитни центри на границата на Германија со Австрија.

Од тие центри мигрантите ќе бидат вратени во земјите во кои претходно се регистрирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 14:55