Потпретседателот на САД Мајк Пенс во телефонски разговор со грчкиот премиер, му честитал на Алексис Ципрас за постигнатиот договор со Македонија.

- Премиерот ја истакна важноста што ја има овој договор за стабилноста и заедничкиот развиј на Балканот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Пенс и Ципрас, освен за договорот, разговарале и за грчко-турските односи и улогата на Турција во поширокиот регион, но и за зајакнување на грчко-американските економски односи, особено во пресрет на Меѓународниот саем во Солун кон средината на септември кога САД ќе бидат почесна земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 15:22