Севернокорејските медиуми ги осудија САД поради поставување на прашања за човековите права во земјата, пред решавање на нуклеарниот проблем.

Во коментарот на севернокорејскиот државен портал „Уриминзокири“ се наведува дека Вашингтон треба да престане да ја провоцира Северна Кореја со „застарени прашања за човековите права“ кога има дипломатски обиди за подобрување на односите.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска и утре е во посета на Пјонгјанг каде со севернокорејските претставници разговара за понатамошните чекори кон денуклеаризација.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 16:00