Трговскиот синџир „Лидл“ во Хрватска планира до крајот на 2019 година да ги повлече од асортиманот артиклите од пластика за еднократна употреба.

- „Лидл“ во Хрватска од сите 95 продавници во земјата до крајот на 2019 година ќе ги отфрли од продажба пластичните производи за еднократна употреба, како што се сламки, чаши, чинии, прибор за јадење, но и стапчиња за уши со пластична дршка, соопшти компанијата.

Производите од пластика, како што наведуваат, постепено ќе се заменуваат со алтернативни артикли од одржливи материјали кои може да се рециклираат.

- Со отстранувањето на артиклите од пластика за еднократна употреба од асортиманот ние даваме свој придонес во подобрување на актуелната состојба, вели Бојан Вуковиќ, член на Управата за набавка и маркетинг на „Лидл“ во Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 16:16