Осакатувањето, групното силување и убиствата, што се регистрирани во регионот Касаи во Конго, би можеле да бидат вовед во геноцид, се наведува во извештајот на Обединети нации.
Специјалниот известувач на ОН, Нилс Мелцер изјави дека го вознемириле извештаите на експертите, според кои бунтовниците во Конго и владините сили извршиле злосторства, меѓу кои масовни силувања, канибализам и осакатување.
- Мојата најголема грижа е дека тоа што се случува може да биде вовед во геноцид. Според мое мислење Касаи веќе го има потписот на Руанда и Босна и Херцеговина од 90-тите години, посочи Мелцер.
Тој додаде дека експертите на ОН доставиле докази за злосторствата и оти светските лидери треба да реагираат и да спречат понатамошен геноцид и егзодус на милиони жители од тој дел на Конго.
Во последните две години, најмалу 5.000 лица се убиени во регионот Касаи, додека 1,4 се раселени.
- Ризикот од понатамошно насилство, злоставување и репресијата во следните месеци е многу реален, наведе Мелцер.